Шпанскиот репрезентативец Алваро Мората со голoт против Хрватска во натпреварот од првото коло од групата Б на Европското првенство се проби на третото место на најдобри стрелци на ЕП на сите времиња.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанија вчера во Берлин ја совлада Хрватска со 3:0. За искусниот напаѓач тоа беше седми гол континенталните собири.
Истиот ефект го имаат Французинот Антоан Гризман и легендарниот Англичанец Алан Ширер.
Најдобар стрелец на Европските првенства без рамен е Кристијано Роналдо кој досега постигна 14 гола.
На второто место е славниот Французин Мишел Платини со девет гола.
Покрај Мората на првенството играат и Роналдо и Гризман, па така и тие двајца ќе имаат можност да го потврдат сопствениот учинок.