Дома Фудбал Лига на шампиони Мората: Сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите

Мората: Сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите

Напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората вчера ги постигна двата гола во победата на Јувентус против Динамо Киев на гости.

Шпанецот по натпреварот истакна големи амбиции и најави дека „старата дама“ го сака трофејот во Лигата на шампионите.  Головите Мората ги постигна во 46. и 84. минута.

„Секоја година имаме реални шанси да ја освоиме Лигата на шампионите и оваа сезона го сакаме тоа. Сакавме добро да ја започнеме новата сезона и тоа го направивме. Задоволни сме“, изјави Мората.

Екипата на Андреа Пирло во следниот натпревар идната недела ќе ја пречека Барселона во дербито на групата Г.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ривалдо за доаѓањето на Меси во ПСЖ: Нејмар сигурно знае нешто

Како што се наближува времето за истекот на неговиот договор се повеќе и повеќе се зборува…