Дома Трансфер зона Мората пристигна во Мадрид и чека разврска

Мората пристигна во Мадрид и чека разврска

Сагата околу иднината на Алваро Мората продолжува. Напаѓачот денес пристигна во Мадрид со надеж дека ќе успее да го комплетира трансферот во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Не е тајна дека Барселона сака да го донесе Мората на позајмица, но трансферот се комплицира поради неколку фактори.

Јувентус првично не сакаше да го пушти Шпанецот, но сега откако го договорија Душан Влаховиќ, „старата дама“ повеќе не е пречка за трансферот. Меѓутоа, Барселона треба да добие зелено светло од Атлетико Мадрид.

Според шпанските медиуми „јорганџиите“ не сакаат да го пуштат на позајмица туку да го продадат Мората. Од друга страна пак Барселона  не може да си ја дозволи платата на напаѓачот доколку Дембеле не го продолжи договорот или не замине од Камп Ноу.

Сите страни работат на трансферот и се во трка со времето, а Мората во Мадрид чека разврска и се надева дека го облече дресот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…