Дома Топ вести Мората ги разгоре шпекулациите: По трет пат во „кралски“ дрес

Мората ги разгоре шпекулациите: По трет пат во „кралски“ дрес

Алваро Мората минатото лето пристигна во Челзи за 65 милиони евра како големо засилување од Реал Мадрид.

Иако добро ја отвори сезоната тој на досегашните 31 натпревар за Челзи има постигнато само 12 гола. Минатиот месец Шпанецот ја обнови повредата на грбот поради што ќе го пропушти и натпреварот против ВБА в понеделник.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


За време на рехабилитиацијата Мората некои време беше во Мадрид, каде новинарите му го поставија прашањето: Дали доколку утре добие повик од Реал би се вратил во Мадрид или би размислил?

„Морам да го почитувам Челзи кој се потруди да ме донесе и среќен сум овде. Но Мадрид е секогаш Мадрид“, изјави Мората.

Ваквата негова изјава ги налути фановите на Челзи, но и ги разгоре шпекулациите за негова повторно враќање на „Сантиаго Бернабеу“.

Реал е веќе во потрага по напаѓач, а на списокот се наоѓаат Мауро Икарди и Роберт Левандовски….можеби и Мората.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…