Екипата на Монако веќе остана без Бернардо Силва, сепак овој тим нема намера да се предаде, напротив ќе се потрудат и во наредната сезона да влезат со одличен тим.
На нивната листа се наоѓаат неколку одличи фудбалери, а најблиску изгледа е резервниот напаѓач на Челзи, Белгиецот Мишел Батшуаи. Тој минатото лето од Марсеј пристигна во Челзи, но во лондонскиот клуб беше стартер на само еден натпревар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Токму поради тоа Батшуаи има намера да побара нов клуб, а изгледа дека во овој момент Монако е најреална опција. Освен клубот од Кнежеството интерес за овој фудбалер покажаа Вест Хем и Севиља, но според странските медиуми Монако засега има предност.
Батушаи има намера наредната сезона да биде член на клуб во кој ќе има место во стартниот тим со што би се изборил за повик во репрезентацијата за Светското првенство кое се игра наредното лето во Русија.