Дома Фудбал Останато Монако најде замена за Фабињо, пристигнува искусен играч за врска…

Монако најде замена за Фабињо, пристигнува искусен играч за врска…

Ова е четврто засилување за Монако во овој преоден ток, додека клубот го напуштија Фабиљо и Томас Лемар.

Познато е дека Монако сака да промовира млади играчи, но сега се определија сепак за нешто поискусен играч.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Замената за Фабињо на средината на теренот ќе биде Пеле од Рио Аве, 20-годишниот играч за врска.

Тој во изминатата сезона го предводеше Рио Аве до импресивното петто место во лигата и е прогласен за најдобар играч на сезоната во овој клуб.

„Многу сум среќен за преминувањето во Монако, многу амбициозен клуб кој се натпреварува во Лигата на шампионите и кој е кандидат за освојување на првенството“, започна Пеле.

„Имам огромна мотивација што подобро да го претставам Монако, одвај чекам да ги запознаам соиграчите“, додаде 20-годишниот играч за врска.

Пред Пеле во Монако стигнаа Наваро од Барселона, Панзо, младиот играч на Челзи и Вилијем Губелс од Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…