Дома Останати Тенис Момче го имитираше Ѓоковиќ и го насмеа до солзи: Најдобар си! (видео)

Момче го имитираше Ѓоковиќ и го насмеа до солзи: Најдобар си! (видео)

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ се избори за осминафинале на УС Опен откако со 3:0 го совлада Португалецот, Сосусао, во четвртфиналето ќе се сретне со Милиман кој сензационално славеше над Федерер.

После убедливата победа, Новак имаше исклучително интересна конференција каде што освен новинарите прашања му поставуваа и децата кои беа присутни во салата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Лолита и Жонас го земаа микрофонот во свои раце, а потоа ги пофалија имитациите на Ѓоковиќ и го запрашаа кој најдобро го имитирал.

„Енди Родик одлично ме имитираше. А, сега? Можеби Ник Кирјос“, одговори расположениот Ѓоковиќ.

После одговорот симпатичното момче се пофали дека и тој може да го имитира познатиот поздрав на Ѓоковиќ кон публиката.
Таквиот потег добро го насмеа Ѓоковиќ.

„Официјално, ова е најдобрата имитација на Ѓоковиќ“, изјави Новак низ смеа, а потоа и му ја поклони својата капа на момчето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…