Дома Фудбал Останато Модриќ го кажа тоа што му „лежи на душа“: Роналдо и Меси не испаднаа фер

Модриќ го кажа тоа што му „лежи на душа“: Роналдо и Меси не испаднаа фер

Лука Модриќ конечно го кажа она што го смета поголемиот дел од фудбалскиот свет – Роналдо и Меси не испаднаа фер.

Модриќ ја освои „Златната топка“ на почетокот на декември, но ниту Роналдо, ниту Меси не се појавија на свеченоста на доделувањето на наградите. Секако, затоа што знаеа дека нема тие да бидат добитниците.

Сега Модриќ отворено кажа што мисли.

„Испаѓа дека тие избори и трофеи имаат важност и вредност само кога ќе ги освојат. Не е фер, ниту кон играчите, ниту кон гласачите кои ги прогласуваа за најдобри, а ниту кон фудбалот и навивачите“.

„Роналдо и Меси се два феномени, доминираат во последните десет години и по квалитетот се над сите. Но, тука зборуваме за учинокот во оваа година. Веројатно нешто значи кога исти се резултатите кај селекторите, тренерите, играчите и навивачите. Или пак сите се во некоја заблуда. Ако гласаме според квалитетот, тогаш треба да се укинат сите избори и трофеите да им се поделат на нив двајца додека активно играат фудбал“, изјави Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Покетино за случајот со Манчестер Сити: „Ако од 115 обвиненија си виновен за 114, тешко е да знаеш каква казна би била праведна“

Маурисио Покетино го коментираше случајот со Манчестер Сити и бројните обвиненија за навод…