Дома Македонски спорт Многу дилеми, многу маки за Милевски – за составот ќе се решава во последен момент!

Многу дилеми, многу маки за Милевски – за составот ќе се решава во последен момент!

Од Тбилиси Јовица Симоноски

Сериозни проблеми со составот има Благоја Милевски кој ќе го открие составот непосредно пред натпреварот. Без Адеми средниот ред е дилема, а пак без Ристовски десната позиција е под уште поголем прашалник. Тука секако е и отсуството на Чурлинов.

Голманот е познат, Столе е неприкосновен на голот, а пред него како последен бедем ќе бидат стандардните Муслиу и Велковски.

Милевски не може да е задоволен од тоа што Муслиу сезонава игра во трета лига, додека Велковски непосредно пред репрезентативните обврски најде нов клуб. Во тимот се и Серафимов и Зајков но тие веројатно шансата ќе ја чекаат од клупата.

Лево ќе стартува Алиоски, а десната бековска позиција како што кажавме е енигма. Има три варијанти – Ашковски, Тодоровски и Бејтулаи.

Во средината ќе биде креаторот Барди, веројатно заедно со Елмас, додека третиот е непознат, а тука шанса ќе бараат Фазлагиќ, Атанасов, Спировски и овој поседниот е најверојатен за стартниот состав.

Во нападот веројатно ќе стартува Миовски кој сезонава во Абердин игра во одлична форма. На крилните позиции ќе стартува Трајковски и повторно спротивната страна е дилема. Може тука да се најде дури и Елмас, а на негово место да стартува друг во средината, а може како крило да игра и Миовски, а како шпиц да игра Ристовски.

Многу дилеми во составот, многу маки за селекторот, но тоа не смее да биде алиби против Грузија. Мечот стартува во 18:00 часот по македонско време.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Мајсторија каква ретко се гледа: Ова е најубавиот гол во Лигата на нации🎥

19-годишниот словенски репрезентативец Бенџамин Шешко уште еднаш покажа дека е еден од нај…