Дома Македонски спорт Млад боксер од Охрид освои бронзен медал на еден необичен турнир

Млад боксер од Охрид освои бронзен медал на еден необичен турнир

Европската федерација во бокс, ЕУБЦ организираше интересен настан со наслов „SHADOWBOXING CHALLENGE“ на кој сите боксери од Европа испраќаа свои видеа од тренинг објавени на социјалните мрежи.

Нашиот боксер Енис Алиу од клубот Алексо Огненовски од Охрид, во конкуренција на боксери до 14 години освои бронзен медал.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„SHADOWBOXING CHALLENGE“ беше одговор на пандемијата предизвикана од коронавирусот, започна на 11 мај  и траеше до крајот на месецот, специјалното жири ги одбра најдобрите видеа.

Одлуката на жирито се темелеше на техниката на боксерите, одбранбена и напаѓачка, Енис Алиу освои бронзен медал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…