Дома Трансфер зона Младата ѕвезда на Реал се сели во Серија А

Младата ѕвезда на Реал се сели во Серија А

Реал Мадрид во летниот преоден рок ја победи конкуренцијата за турскиот талент, Арда Гулер од Фенербахче.

Неколку европски гиганти беа силно заинтересирани за „турскиот Меси“, а на крајот Реал ја доби битката за потписот и за 22 милиони евра го донесе во Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, 18-годишниот фудбалер ја пропушти почетокот на сезоната поради повреда, а сега не може да се избори со кокуренцијата.

Во Ла Лига одигра само 22 минути, а интерес за него покажува Милан и сака да го доведе на лето на „Сан Сиро“.

Милан го сака на двегодишна позајмица со право на откуп, по принципот на Брахим Дијаз, а Реал е спремен да го пушти ако во договорот биде ставена бајбек клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо од трансфер во Вест Хем, Мазрауи се сели на „Олд Трафорд“

Трансферот на Нусаир Мазрауи од Баерн Минхен во Вест Хем е на работ да пропадне, откако во…