Дома Фудбал Италија Младата ѕвезда на Интер со еден потег ги воодушеви фановите

Младата ѕвезда на Интер со еден потег ги воодушеви фановите

Себастијан Еспосито со само 12 години пристигна во Интер од Бреша и веднаш почна да блеска во младинските категории на „нероаѕурите“.

Еспосито важи за еден од најголемите таленти на Апенините, а доказ за тоа е фактот што Антонио Конте му дава шанса во првиот тим. Тој дебитираше за Интер на 17 години и веќе има 6 настапи за „нероаѕурите“ во Серија А и Лигата на шампиони.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Италијанските медиуми денес открија дека младиот талент во летото направил потег со кој ги воодушевил сите во миланскиот гигант.

Имено, во летниот преоден рок ПСЖ бил сериозно заинетресиран за неговиот потпис. Директорот Леонардо одлично ги познава квалитетите на Еспосито и му доставил богата понуда, но 17-годишниот талент експресно ја одбил.

Еспосито има договор до 2022 година, а после добрите настапи за првиот тим, раководството најави дека наскоро ќе започне преговори за нов, побогат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Девојка фати фудбалер со друга и објави снимка. Дали го бркаат од репрезентацијата?

Камерунската фудбалска ѕвезда Николас Маоуми Нгамалеу се наоѓа во центарот на скандал. Нап…