Гостувајќи на музичкиот фестивал Санремо, Синиша Михајловиќ зборуваше за своето долгогодишно пријателство со Златан Ибрахимовиќ.
Напаѓачот на Милан и тренерот на Болоња беа специјални гости на фестивалот, а синоќа заедно се појавија на сцената.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Нашето пријателство започна со удар со глава.“ рече Миха, мислејќи на дуелот во текот на натпреварот помеѓу Јувентус и Интер во кој Ибра доби црвен картон.
Михајловиќ го пецна Ибра и поради фактот што никогаш не освоил Лига на шампиони.
„Љубоморен е на нешто што го нема. Лига на шампиони. Тој играше, јас победував…“
„Се уште има време.“ – одговори Ибра.
Бидејќи станува збор за музички фестивал, дуетот потоа се придружи на водителите и ја изведоа песната ‘Io Vagabondo’.
На Миха пеењето му идеше од рака, а Златан се мачеше. На прашањето дали знае кои се авторите на песната, одговори: „Не, но тие знаат кој сум јас.“
Curva dell'Ariston fatevi sentire 🙌
— RaiPlay (@RaiPlay) March 4, 2021
Gli “ABBADeus” debuttano sul palco di #Sanremo2021 con “Io vagabondo”. 😂
Ecco la clip integrale 👇 pic.twitter.com/omwmSu3SMf