Дома Фудбал Италија Михајловиќ: Донарума е дете и треба да му биде благодарен на Милан!

Михајловиќ: Донарума е дете и треба да му биде благодарен на Милан!

Синиша Михајловиќ, кој го лансираше Донарума додека беше тренер на Милан, јавно проговори за случајот кој овие денови ја „тресе“ цела Италија.

Донарума одби да го продолжи договорот со Милан и предизвика „земјотрес“ на Апенините, па буквално цела Италија се сврте против него и го нарече „предавник“ и „платеник“.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Михајловиќ, кој му даде шанса на Донарума да дебитира на само 16 години вели дека тој е сеуште дете и дека треба да изрази благодарност према Милан.

„Донарума е има многу силен карактер, но и понатаму е само дете. За да стане шампион мора уште да созрева во опкружување кое ќе го сака. Нема потреба да брза никаде, јас ги разбирам потребите на неговиот менаџер Раиола, но Џиџо мора да остане во Милан и да му биде благодарен на клубот“, смета Михајловиќ.

„Оваа ситуација на никого не му одговара. Донарума сега против себе ја има скоро цела Италија и таквата ситуација е тешка. Нарушен е неговиот имиџ и тоа може негативно да се одрази на неговата кариера. Најдобро ќе биде да го продолжи договорот и да остане во Милан“, додаде српскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Винисиус сака да го напушти Реал Мадрид поради Мбапе

Винисиус повторно е главна тема во шпанските спортски медиуми. Бразилецот сака да добие по…