Дома Фудбал Митровиќ се враќа во Премиер лигата? На Ал Хилал ќе му биде тешко да го одбие ова…

Митровиќ се враќа во Премиер лигата? На Ал Хилал ќе му биде тешко да го одбие ова…

Моментално најдобриот српски напаѓач и ѕвездата на Ал Хилал, Александар Митровиќ, би можел да се врати во Премиер лигата по шестмесечна пауза.

Според новинарот на Sky Sport, Кит Дауни, Митровиќ би можел да се врати во Њукасл.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Страчките“ наводно планираат да ја засилат офанзивната линија во која ги имаат Александер Исак и Калум Вилсон кои често имаат проблеми со повредите, а Србинот дополнително би можел да создаде конкуренција во нападот.

Како што пишуваат Англичаните, планот е Митровиќ да дојде на позајмица во соработка со саудискиот државен фонд кој стои зад тамошната инвестиција во фудбалот, како и Њукасл.

Останува прашањето каква реакција ќе предизвика тоа кај челниците на клубот од Ријад, со оглед на тоа што српскиот репрезентативец на 26 натпревари постигна 25 гола.

Тој дефинитивно е една од најголемите ѕвезди во Саудиска Арабија, но Њукасл може да биде примамлива дестинација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ја одби понудата со која Јамал би станал најскапиот играч на сите времиња

„Добивме понуда од 250 милиони евра за Ламине Јамал и ја одбивме“, изјави претседателот на…