Дома Македонски спорт Митревски ја обвини одбраната, Пешевски лошата среќа

Митревски ја обвини одбраната, Пешевски лошата среќа

Македонската ракометна репрезентација беше поразена од Чешка (27:25) во 2-то коло од ЕП, иако на полувреме имаше предност од два гола.

После доброто прво полувреме, Македонија потфрли во второто полувреме, особено одбраната и голманите, па не успеавме да избегнеме пораз.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Сега за пласман во следната фаза ќе мора да ја победиме селекцијата на домаќинот Австрија во последното коло.

„Остана да го одиме потешкиот пат. Имаме два дена да се подготвиме за Австрија, која не е кој знае колку силна репрезентација. Нашата лоша игра во одбрана и нивниот голман го одлучија денешниот натпревар“, изјави Митревски.

„Денес немавме среќа, се надевам дека против домаќинот таа ќе биде на наша страна. Имаме уште еден да одиграме, да го оставиме срцето на терен, да играме како тим. Се надевам на поддршка како денес и како против Украина, сакаме на нивни крилја да славиме против Австрија на домашен терен“, изјави Пешевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…