Дома Македонски спорт Мак ракомет Митревски не можеше да брани, колку што нападот промашуваше!

Митревски не можеше да брани, колку што нападот промашуваше!

Нешто слично како и против Словенија, одново и денес пресудија големите грешки и промашувањата во нападот. Бевме во игра скоро цел натпревар поради одбраните на Митревски, но промашувања едноставно имаше премногу, па Црна Гора славеше со 24:28.

Црногорците подобро го отворија натпреварот и поведоа со 0:4, ние првиот гол го постигнавме после нешто повеќе од четири минути игра. Продолжи Серафимов да погодува кај нас и ги постигна и наредните два гола, со кој дојдовме на два гола разлика 3:5.

Во продолжение од натпреварот констатно Црна Гора имаше предност од 2-3 гола разлика. Никако не успевавме да дојдеме барем на -1. Во последните три минути од првиот дел влчеговме со негативна од два гола 15:17.

Лазаров тогаш за првпат на голот го пушти Никола Митревски кој веднаш ја запиша и првата интервенција. Велковски конечно успеа да не доведе на тој -1 (16-17). Црногорците го имаа последниот напад, меѓутоа одново Митревски блесна и веќе ја имаше својата втора интервенција. За жал Георгиевски не реализираше од крило за со реми да одиме на полувреме.

На полувреме Црна Гора замина со 16:17.

Второто полувреме добро го започнавме. Митревски забележа и нова одбрана, а ние изедначивме.

Сепак, по тоа изедначување повторно Црна Гора ги казни нашите промашувања, па се врати на +3 после 10-тина минути игра. (18:21). Митревски беше одличен во второто полувреме, меѓутоа проблем беше нападот, премногу промашувавме.

На 10 минути до крајот Црна Гора водеше со 21:24 и имаше напад за плус четири. Митревски тогаш ја запиша и својата осма интервенција, шеста во второто полувреме. Само тој беше причината што во тие моменти се уште бевме резултатски во игра. Кузмановски во следниот напад со еден силен удар од далечина намали на 22:24.

Сепак, кога по тој гол Кузмановски имавме нов промашен напад, а Црна Гора дојде до највисоката предност во второто полувреме од плус четири гола 22:26. Тука стануваше јасно дека ќе го запишеме вториот пораз во вториот натпревар на ова Европско првенство.

Следниот натпревар Македонија го игра против Данска во понеделник од 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Реал има список од шест таленти за апсолутна доминација

Шпанскиот гигант Реал Мадрид бара засилувања за иднината, а „Марка“ пишува дека веќе е нап…