Дома Останати Тенис Мирка не можеше да гледа: Гејмот во кој Федерер изгуби две меч топки (ВИДЕО)

Мирка не можеше да гледа: Гејмот во кој Федерер изгуби две меч топки (ВИДЕО)

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер вчера пропушти прилика да го освои својот 21-ви Грен Слем во турнир

Подобар од него во финалето на Вимблдон беше Новак Ѓоковиќ кој го победи после голема борба во пет сета која траеше пет часа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Долго ќе жали големиот Роџер за поразот со оглед на тоа дека во еден момент на петтиот сет имаше две меч топки.

Федерер тогаш водеше со 8:7, сервираше и водеше со 40:15 во гејмови. Неговата сопруга Мирка не можеше да гледа што се случува во тие моменти на теренот.

Швајцарецот ги изгуби наредните четири поени и Ѓоковиќ изедначи на 8:8 и на крајот славеше победа.

Како изгледаше гејмот во кој Федерер изгуби две меч топки погледнете во видеото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Чудна ситуација: Ѓоковиќ денеска трча во Црна Гора, а утре треба да игра во Њујорк (Фото)

Навистина необична состојба. Новак Ѓоковиќ утре треба да го одигра својот прв натпревар во…