Дома Македонски спорт Милевски пред Украина: Кај фудбалерите видов жар за успех, кој ќе настапи зависи од физичката подготвеност

Милевски пред Украина: Кај фудбалерите видов жар за успех, кој ќе настапи зависи од физичката подготвеност

Утре на Националната Арена „Тодор Проески“, Македонија ќе биде домаќин на Украина во натпреварот од третото коло во квалификациите за Европското првенство 2024 година.

Селекторот Благоја Милевски денес ја одржа редовната прес-конференција и истакна дека кај фудбалерите гледа голема желба за успех.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Македонија како и секогаш досега во овој дуел ќе влезе со максимална желба за успех. На располагање се сите од повиканите, верувам дека секој од нив ќе знае што треба да прави на теренот. Од она што го видов на подготовките можам да кажам дека гледам силна желба и жар во нивните очи. Тоа е нешто што ме радува“, изјави Милевски.

Милевски очекува тежок натпревар.

„Ја анализиравме Украина и очекувам тежок дуел, концентрација мора да има во текот на 90 минути и ако сакаме успех, сигурно дека ќе мораме да направиме нешто офанзивно, не може фокусот да биде само на одбраната. Кој ќе настапи и колку ќе настапи зависи од физичката подготвка на секој поединечно и за натпреварувачката форма не можеме да многу да зборуваме“, додаде македонскиот селектор.

Натпреварот се игра во терминот од 20:45 часот, додека три дена по овој дуел, во понеделник Македонија ја очекува тешкото гостување кај Англија на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…