Денес фудбалската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за натпреварите против Грузија и Бугарија.
Селекторот Благоја Милевски се соочи со големи проблеми поради повредите и натпреварувачката форма.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милевски и на прес-конференцијата при објавата на составот истакна дека не е задоволен од формата на репрезентативците, а дополнитено дојдоа вести и за повреди.
Од планираниот список отпаднаа Дарко Чурлинов, Валон Етеми и Стефан Ристовски. На местото на капитенот Ристовски денес дополнително беше повикан Егзон Бејтулаи.
Против Грузија ќе играме на 23. септември, а против Бугарија три дена подоцна во Скопје.
ФУДБАЛЕРИТЕ НА КОИ ЌЕ СМЕТА МИЛЕВСКИ ЗА ОВОЈ СОБИР
ГОЛМАНИ: Столе ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан ШИШКОВСКИ (Докса, Кипар), Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Игор АЛЕКСОВСКИ (Работнички);
ОДБРАНА: Егзон БЕЈТУЛАИ (Шкендија), Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ал Етифак, Саудиска Арабија), Висар МУСЛИУ (Инглоштат, Германија), Езѓан АЛИОСКИ (Фенербахче, Турција), Тодор ТОДОРОВСКИ (Сумгаит, Азербејџан), Стефан АШКОВСКИ (Ламиа, Грција), Никола СЕРАФИМОВ (МОЛ Види, Унгарија), Ѓоко ЗАЈКОВ (Ворскла, Украина), Бојан ДИМОСКИ (Академија Пандев);
СРЕДЕН РЕД: Елиф ЕЛМАС (Наполи, Италија), Енис БАРДИ (Трабзонспор, Турција), Аријан АДЕМИ (Динамо Загреб, Хрватска), Енис ФАЗЛАГИЌ (Дунајска Стреда, Словачка), Агон ЕЛЕЗИ (Вараждин, Хрватска), Јани АТАНАСОВ (Хајдук, Хрватска), Стефан СПИРОВСКИ (Пјуник, Ерменија);
НАПАД: Милан РИСТОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), Бојан МИОВСКИ (Абердин, Шкотска), Дарко ЧУРЛИНОВ (Барнли, Англија), Александар ТРАЈКОВСКИ (Ал Фејха, Саудиска Арабија), Дориан БАБУНСКИ (Дебрецин, Унгарија), Љупче ДОРИЕВ (Шкендија);