Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може да биде замена за Оливие Жиру.
Најново име на списокот на „росонерите“ е напаѓачот на Феенорд, Сантијаго Гименез. Мексиканецот со своите партии го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, на Милан воопшто нема да му биде лесно да ја победи конкуренцијата, бидејќи за Мексиканецот интерес покажуваат уште Реал Мадрид, Челзи и ПСЖ.
Мексиканецот оваа сезона на 26 меча постигна 21 гол и запиша 5 асистенции, а Милан верува дека ќе биде идеално решение за нападот во иднина бидејќи Гименез има само 22 години.