Дома Трансфер зона Милан тргнува по капитенот на АЗ

Милан тргнува по капитенот на АЗ

Играчот за врска на АЗ Алкмаар, Теун Копмејнерс може да се пресели во Серија во текот на летниот преоден рок.

22-годишниот Холанѓанец кој е капитен на АЗ е на радарот на италијанскиот гигант Милан, пренесува „Тутоспорт“.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Главниот скаут на „росонерите“ Џефри Монкада веќе подолго време ги гледа настапоте на Копмејнерс и смета дека би бил одлично засилување.

Со своите настапи оваа година Копмејнерс привлече големо внимание и во Холандија веќе го споредуваат со Ван Бомел. На 42 меча оваа сезона постигна 16 гола и запиша 6 асистенции.

Неговата цена во моментов изнесува околу 25 милиони евра, сума која Милан е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…