Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е на добар пат да го обезбеди потписот на ѕвездата на Марсеј.
Станува збор за Флоријан Таувин, кој одби да го продолжи договорот со Марсеј и веќе постигнал договор со „росонерите“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За него интерес покажуваа клубови од Премиер лигата како и Интер и Аталната, но тој веќе постигнал комплетен договор со клубот од „Сан Сиро“.
Со оглед дека неговиот договор завршува на крајот на сезоната, Милан ќе му понуди на францускиот клуб симболична сума.
Во случај Марсеј да ја одбие понудата, Таувин ќе се пресели во Милан како слободен играч следното лето.
Туавин во Марсеј пристигна во 2017 година и до сега одигра 242 меча на кои постигна 80 гола и запиша 54 асистенции.
TMW: Milan are in pole position to sign Thauvin. Milan want to close the deal for around €3M in January (his contract expires in the summer). They are ready to offer him a five-year deal worth €2.8M/year (his current salary)https://t.co/6xo4bmnanb
— Milan Eye (@MilanEye) October 26, 2020