Дома Фудбал Италија Милан објави зголемување на приходите и намалување на загубите

Милан објави зголемување на приходите и намалување на загубите

Раководството на италијанскиот шампион Милан го објави финансискиот извештај за сезоната 2021/22.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите се гледаат две позитивни тенденции во клупските финансии. Едната е намалувањето на загубите со скоро 30 милиони евра, кои сега изнесуваат 66,5 милиони евра.

Исто така се забележува 14% зголемување на приходите кои сега изнесуваат скоро 300 милиони евра.

Како причина за ова се посочуваат отварањето на стадионот во полн капацитет после пандемијата, како и новите спонзорски договори на „росонерите“.

Малдини неодамна истакна дека финансиската ситуација на клубот е се подобра и од следната година ќе има многу повеќе ресурси за вложувања во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Toлку беше: Легендарниот Ешли Кол по осум натпревари ја заврши епизодата во Италија!

Легендарниот лев бек се раздели со Чезена. Многумина беа изненадени кога Ешли Кол ја презе…