Дома Трансфер зона Милан не се откажува, спреми нова понуда за Ботман

Милан не се откажува, спреми нова понуда за Ботман

Милан е во потрага по квалитетен дефанзивец, бидејќи Кјаер поради повреда ќе го пропушти остатокот од сезоната.


Меси против Левандовски -11 ден ↓↓↓



Најголема желба на „росонерите“ е дефанзивецот на Лил, Свен Ботман, и ќе се обидат да го донесат на „Сан Сиро“ во јануари.

21-годишниот Холанѓанец игра фантастично во дресот на Лил и се промовираше во еден од најдобрите млади дефанзивци, па го привлече вминанието на многу европски гиганти.

Лил не сака да го продава на средина од сезоната и одби неколку понуди, но Милан не се откажува и ќе направи уште еден обид.

„Скај Италија“ пренесува дека најновата понуда на „росонерите“ е 30 милиони евра плус 20% од следната продажба, па сега се чека одговор од францускиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Фабрицио Романо ја открива клучната точка на понудата од Саудиска Арабија до Роналдо

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Португалскиот ре…