Дома Трансфер зона Милан најде замена за Бонавентура

Милан најде замена за Бонавентура

Милан покажува сериозен интерес за ѕвездата на Расинг, Матијас Зарачо, пренесуваат италијанските медиуми.

22-годишниот офанзивен играч за врска го привлече вниманието на многу европски гиганти, но „росонерите“ покажуваат најсилен интерес во моментов.

Зарачо во договорот со Расинг има откупна клаузула од 25 милиони евра, но Милан во овој момент е спремен да понуди 15 милиони евра плус бонуси.

Тој е младински репрезентативец на Аргентина, а веќе дебитираше и за сениорската репрезентација на „гаучосите“. За Расинг до сега има одиграно повеќе од 70 натпревари и важи за еден од најголемите таленти во Аргентина.

Во Милан сметаат дека Зарачо ќе биде идеална замена за Бонавентура на кого му заврши договорот со „росонерите“ ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Официјално: Лидс промовираше уште едно големо засилување

Лидс Јунајтед сезонава игра во Премиер лигата и очигледно има намера да не се врати во пон…