Дома Топ вести Милан купува десен бек од Барселона!

Милан купува десен бек од Барселона!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е во напредни преговори со Барселона за десниот бек Емерсон Ројал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона минатото лето го купи Емерсон од Атлетико Минеиро за 12 милиони евра и оваа сезона го испрати на позајмица во Бетис.

21-годишниот Бразилец со своите настапи во Примера го привлече вниманието на многу европски гиганти, а најсериозен интерес покажува Милан.

Малдини направи полн погодок со Тео Хернандес минатото лето, па смета дека Емерсон ќе биде одлично засилување за левата бековска позиција.

Барселона е спремна да го продаде и бара 30 милиони евра, а понудата на Милан е 23 милиони евра.

Агентот на фудбалерот веќе пристигна во Милано и се очекува во наредните денови двата клуба да ја „испеглаат“ разликата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…