Дома Трансфер зона Милан купува аргентински тандем

Милан купува аргентински тандем

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан работи на два трансфери на аргентински репрезентативци.

Станува збор за талентот на Расинг, Матијас Зарачо и ѕвездата на Удинезе, Родриго де Паул.

21-годишниот офанзивен играч за врска го привлече вниманието на многу европски гиганти, но „росонерите“ покажуваат најсилен интерес во моментов.

Зарачо во договорот со Расинг има откупна клаузула од 25 милиони евра, но Милан во овој момент е спремен да понуди 15 милиони евра плус бонуси.

Тој е младински репрезентативец на Аргентина, а веќе дебитираше и за сениорската репрезентација на „гаучосите“. 

Кога станува за Де Паул тој е веќе етаблиран во Серија А и со своите настапи за Удинезе веќе подолго време го привлекува вниманието на европските гиганти. Милан подолго време го следи Аргентинецот, но сега стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да испрати понуда од 40  милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона поради две причини во јануари не го донесе Халанд

Барселона имаше можност да го донесе Ерлинг Халанд во своите редови оваа зима, но каталонс…