Милан покажува силен интерес за играчот на Атлетико Мадрид и аргентински репрезентативец, Родриго Де Паул.
„Јорганџиите“ за неговиот потпис на Удинезе му платија 35 милиони евра и Аргентинецот се очекуваше да биде големо засилување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа Де Паул не се снајде баш најдобро во Мадрид и сака да се врати во Серија А, па Милан е спремен да ја искористи таквата ситуација.
Атлетико Мадрид е спремен да продаде неколку свои фудбалери поради финансиски проблеми, а Де Паул е на трансфер листата.
Аргентинецот одигра одлично на Мундијалот, па Милан е спремен да плати 30 милиони евра, бидејќи Де Паул е голема желба на тренерот Пиоли.