Дома Трансфер зона Милан и Ливерпул водат битка за играч на Шалке

Милан и Ливерпул водат битка за играч на Шалке

Милан во летниот преоден рок не успеа да доведе дефанзивец, па тоа ќе биде приоритет за „росонерите“ во јануари.

„Спортмедиасет“ пренесува дека главна мета за Милан и понатаму останува дефанзивецот на Шалке, Озан Кабак.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Милан веќе постигна договор со агентите на турскиот репрезентативец, но не успеа да се договори со Шалке околу обештетувањето.

Шалке е спремен да го продаде дефанзивецот во јануари, но Милан доби силна конкуренција бидејќи Ливерпул во Кабак гледа идеална замена за повредениот Ван Дајк.

Двата клуба ќе водат голема борба за потписот на турскиот репрезентативец, чија цена изнесува околу 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…