Играчот за врска на Борусија Мехенгладбах, Флориан Нојхаус е на мета на италијанските гиганти Милан и Интер.
23-годишниот играч за врска блеска оваа сезона во дресот на Мехенгладбах, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Италијанските медиуми пренесува дека Нојхаус е главна трансфер цел на Милан и Интер за следната сезона.
Нојхаус оваа сезона одигра 16 меча на кои постигна 2 гола и запиша три асистенции.
Играчот има откупна клаузула од 40 милиони евра, но миланските гиганти ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за него интерес покажуваат уште Баерн Минхен и Реал Мадрид.