Милан веќе неколку недели работи на трансферот на Златан Ибрахимовиќ, кој би требало да пристигне на крајот на овој месец како слободен агент.
38-годишниот Ибра моментално е слободен играч откако му заврши договорот со ЛА Галакси, и на маса има неколку понуди од европски клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан веќе испрати понуда до неговиот агент, 6 милиони евра за 18 месеци, и сега се чека конечниот одговор на голгатерот.
Ибрахимовиќ ги информирал челниците на италијанскиот гигант дека до крајот на декември ќе ја донесе конечната одлука.
Во меѓувреме, „росонерите“ имаат план Б во случај Ибра да ја одбие нивната понуда. Прва алтернатива е Марио Манџукиќ, кој е на излезна врата од Јувентус, а другата алтернатива е Лука Јовиќ, кој не добива голема минутажа во Реал Мадрид.
If Zlatan Ibrahimovic doesn’t come to Milan, these are AC Milan second choices: Giroud (Chelsea), Jovic (Real Madrid), Mandzukic (Juventus). Which one would you wanna see in a AC Milan jersey?? #ForzaMilan https://t.co/5kauAgJNzy
— Inside Milan (@_InsideMilan) November 30, 2019