Дома Фудбал Италија Милан доби големо засилување: Потпиша Флоренци!

Милан доби големо засилување: Потпиша Флоренци!

Искусниот дефанзивец Алесандро Флоренци (30) е нов играч на Милан.

Овој 30-годишен десен бек пристигна во Милано на едногодишна позајмица од Рома со опција за откуп на договорот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Флоренци денеска е претставен како нов играч на Милан и потпиша договор до 30. јуни нарената година.

„Милан со задоволство го објавува потписот на Алесандро Флоренци од Рома. Играчот доаѓа на позајмица со можност за откуп на договорот.“, соопшти Милан.

Флоренци го избра и бројот на дресот, а во Милан ќе го носи бројот 25.

Флоренци скоро цела кариера ја помина во Рома. Претходната година беше позајмен во ПСЖ, а уште настапуваше за Кротоне и Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

58-годишниот Кизујоши Миура започнува 41. сезона во професионалниот фудбал

Напаѓачот Кизујоши Миура ќе потпише договор со Фукушима Јунајтед, кој игра во јапонската т…