Дома Фудбал Италија Милан го наградува Тонали со нов договор

Милан го наградува Тонали со нов договор

Сандро Тонали игра фантастична сезона во дресот на Милан и е еден од најзаслужните што „росонерите“ се на чекор до освојување на Скудетото.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тонали минатото лето беше откупен од Бреша и прифати помала плата за да остане во Милан, па во моментов е еден од најмалку платените играчи во тимот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан сака да го награди Тонали за добрите партии и веќе започнале преговори за нов договор.

„Росонерите“ во него гледаат иднина на тимот и ќе му понудат двојно поголема плата од сегашните 1,6 милиони евра до 2026 година, а се очекува потписот да биде ставен по завршување на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Уште една легенда ќе му помага на Зидан на клупата на Франција

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Зинедин Зидан, повторно ќе соработув…