Дома Фудбал Италија Милан го наградува Калулу со нов договор

Милан го наградува Калулу со нов договор

Едно од најпријатните изненадувања во тимот на Милан е секако младиот Пјер Калулу, кој игра фантастично во одбраната.

21-годишниот Французин минатата година се етаблираше во првиот тим, а и оваа сезона игра одлично.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Милан сака да го награди за добрите партии, но и да го „блиндира“ за во иднина, па веќе започнал преговори за продолжување на договорот.

Преговорите се во завршна фаза и медиумите откриваат дека Калулу наскоро ќе потпише нов договор до 2027 година со годишна плата од 2 милиони евра по сезона.

Инаку Калулу беше еден од најмалку платените играчи во тимот и годишно заработува 800.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Прекин на преговорите: Реал Мадрид би можел бесплатно да го отпушти Винисиус?

Последниве денови се појавија гласини за продолжување на преговорите помеѓу Винисиус Жунио…