Дома Фудбал Италија Милан го награди Тонали со нов договор

Милан го награди Тонали со нов договор

Сандро Тонали минатата сезона се промовираше во еден од најважните играчи на Милан и одигра клучна улога во освојување на Скудетото.

Младиот Италијанец имаше дол договор, но Милан сакаше да го награди за добрите партии и му понуди нов договор со двојно зголемување на платата.

Италијанските медиуми пренесуваат дека се е договорено и Тонали денес ќе стави потпис на договор до 2027 година според кој ќе заработува 2,8 милиони евра по сезона.

Тонали е миленик на навивачите на Милан, бидејќи тој уште како член на Бреша не криеше дека е голем навивач на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Маркос Рашфорд во центарот на спектакуларен трансфер

Маркос Рашфорд би можел да се најде во центарот на еден од најинтересните потези во завршн…