Стратегот на Милан, Стефано Пиоли се соочува со многу проблеми откако за натпреварот од комбинација за настап отпадна и Ноа Окафор.
Милан не знае за победа на последните четири натпревари во Серија А, а Пиоли се надева дека против Фиорентина ќе биде ставен крај на таа црна серија. Меѓутоа пред овој натпревар се соочува со многу проблеми во ростерот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На листата повредени се приклучи и Ноа Окафор кој повредата ја заработи во настапот за Швајцарија. Жиру е суспендиран поради црвениот картон против Лече, Леао исто така е надвор од комбинација и единствениот напаѓач на кој Пиоли може да смета е „отпишаниот“ Лука Јовиќ.
Јовиќ нема ниту еден гол сезонава и упатил само два шута кон противничкиот гол, па поради тоа Пиоли во составот го повика и 15-годишниот Франческо Камарда.
Камарда во овој момент важи за еден од најголемите таленти во школата на „росонерите“.