Миланските гиганти Интер и Милан се силно заинтересирани за младиот дефанзивец на Челзи, Тревор Чалоба, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интер во летниот преоден рок сака да доведе доведе дефанзивец кој ќе го замени Милан Скриниар.„Нероаѕурите“ веќе ја почнаа потрагата, а најново име на списокот е дефанзивецот на Челзи, Тревор Чалоба.
Чалоба е младински репрезентативец на Англија, може да игра на повеќе позиции во одбраната и поради тоа е голема желба на миланските гиганти.
Цената на Чалоба во моментов изнесува помеѓу 20 и 25 милиони евра, а Челзи е спремен да го пушти на позајмица.