Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел Шумахер во овој момент се натпреварува во Формула 2 и секако дека има амбиции во иднина да вози во најбрзиот караван во светот.
Шумахер јуниор призна дека негов пример е Себастијан Фетел кој во овој момент вози во Ферари.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„За него имам само пофални зборови. Многу разговаравме за се и тој ми дава многу совети. Она што мојот татко беше на Себастијан во минатото, тој е за мене денес. Јасно е дека тој ми е пример и би сакал да бидам како него“, изјави Мик Шумахер.
Младиот германски возач оваа година оствари една победа во Формула 2, на трката за Големата награда за Унгарија.
Mick Schumacher: I think what my dad was for Sebastian is Sebastian for me(…) I have a lot of respect for him. We talk a lot about motorsport, I try to take his advice and implement it.
— Sebastian Vettel #5 (@sebvettelnews) October 30, 2019
? https://t.co/AUmYzaDfiG (??) #Vettel #Seb5 #F1 pic.twitter.com/s6AZrokuIw