Дома Македонски спорт Мак баскет МЗТ се раздели со Мекиќ, Американец на негово место пристигнува во Аеродром!

МЗТ се раздели со Мекиќ, Американец на негово место пристигнува во Аеродром!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Адем Мекиќ од денеска и официјално не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако му беше одобрено барањето за раскин на договорот поради желба првпат во кариерата да се проба во клуб надвор од Македонија.

Станува збор за кошаркар „израснат“ во МЗТ, со кој дојде до пет шампионски титули и три трофеи во Купот на Македонија. Мекиќ во два наврати по неколку сезони беше дел од МЗТ Скопје Аеродром, даде многу за клубот, но и научи многу во него.

Неговото место во ростерот ќе го пополни Американецот Кеандре Кук (25 год, 196 см), кој потпиша договор со „штрковите“ до крајот на сезоната. Станува збор за бек-шутер, чие најсилно оружје се ударите за три поени, а кој доаѓа од францускиот прволигаш АДА Блус.

Кук во претходниот клуб одигра 15 средби со просек од девет поени, 40-отстотна прецизна за тројка и 3,1 скока. Претходно, во НЦАА-лигата во последната сезона за Мисури стејт универзитетот просечно реализирал по 14,9 поени и 4,6 скокови.

Тој денеска треба да пристигне во Скопје, а дебито во сино-белиот дрес се очекува за следниот понеделник на гости кај Партизан во Белград.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

„Бомба“ во НБА: Кајри Ирвинг побарал трејд!

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Ѕвездата на Бруклин …