По вчерашната обнова на договорите со браќата Дамјан и Војдан Стојановски, денеска го – MЗТ Скопје го промовираше Американецот Брандон Слај (27 год, 178 см) за ново засилување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за искусен бек-шутер со петгодишно европско искуство и двоцифрен поентерски просек во секоја од екипите за кои настапувал.
Тој добро ги знае приликите во регонот, со оглед што минатата сезона ја мина во дресот на Подгорица, која играше против МЗТ во АБА2-лигата, каде што реализираше по речиси 15 поени.
Слај претходно одигра две години во Грузија во екипите на Вера и Тбилиси, а потоа беше дел од романскиот тим Таргу Жиу и фински КТП баскет.