
Викенд на градски дерби дуели: Арсенал - Тотенхем и Атл.Мадрид - Реал М. ↓↓↓
Манчестер Јунајтед постигнал договор со ѕвездата на Челзи, Мејсон Маунт, пренесуваат медиумите на Островот.
24-годишниот играч за врска ги прекина преговорите со Челзи за продолжување на соработката.
Тој сака да ја промени средината и неколку англиски гиганти го посакуваат во своите редови.
Последните информации се дека Манчестер Јунајтед ја победил конкуренцијата и постигнал комплетен договор со агентот на Манут.
Договорот на Маунт со Челзи истекува следното лето, па „сините“ ќе бидат приморани да го продадат ова лето, но за неговата слобода бараат 50 милиони фунти.