Дома Македонски спорт Мак ракомет Металург убедливо поразен, Јовиќ незадоволен од резултатот

Металург убедливо поразен, Јовиќ незадоволен од резултатот

Металург ја загуби средбата од 5-то коло на СЕХА-лигата против екипата на ППД Загреб, со резултат 26:32 (12:13).

Иако поразот делува убедливо, Металург не заслужи толкава негатива, бидејќи се до осум минути пред крајот на средбата имаше резултатски приклучок и заостануваше само еден гол од резултатот на противникот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На крајот решавачки беа подолгата клупа на Загреб и заморот и неискуството на нашите ракометари, кои немаа сили во ист ритам да ги одиграат последните минути од оваа интересна средба.

Во отсуство на Лино Червар, Металург на средбата го предводеше Александар Јовиќ, кој јавно го искажа своето незадоволство.

„Сметам дека одигравме добар натпревар и дека и дадовме достоен отпор на екипа каква што е Загреб. Нашиот противник заслужено победи, бидејќи во моментот е и подобра и поискусна екипа од нас. Но, и ние можеме да се радуваме и да бидеме задоволни, затоа што во најголем дел од натпреварот бевме рамноправни, а во одредени периоди париравме и се враќавме од негатива и од три гола. Сепак, повредата на Кузмановски во првиот дел од средбата за нас беше преголем хендикеп. Имаме кратка клупа, на која седат и пионери, па ни беше тешко да го одржиме наметнатиот ритам“, изјави Јовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…