Во Битола по подолга пауза повторно ќе се игра елитен ракомет, откако Еурофарм Работник доби учество во Лигата на шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
ЕХФ денеска ја објави листата на учесници во Лигата на шампионите за следната сезона. Трофејот ќе го брани Вардар и тој е еден од носителите на А или Б групите.
Вториот наш претставник овој пат ќе биде Еурофарм Работник, но тоа се лоши вести за Металург, кој после неколку години ја загуби можноста да игра во ЛШ.
Екипата од Битола имаше извондредна сезона во македонскиот шампионат, па како награда пристигна учеството во елитното натпреварување, каде ќе игра во група Ц или Д.
Во четврток, на 27-ми јуни од 18 часот во Виена ќе се одржи ждрепката.