Дома Фудбал Останато Меси: Треперев пред Анри, не можев да го погледнам во очи

Меси: Треперев пред Анри, не можев да го погледнам во очи

Лионел Меси во интервју за „Екип“ зборуваше за своите почетоци во Барселона и го посочи Тиери Анри како играч на кој најмногу му се восхитува во соблекувалната.

Аргентинецот испиша историја во Барселона и соблекувалната ја делеше со многу фудбалски легенди, вели дека сите ги почитувал, но му се восхитувал само на Анри.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


“Ги почитував сите големи шампиони кои беа таму. Од Роналдињо, преку Ето, Пујол, а да не ги спомнуваме Чави и Иниеста, кои се уште беа млади. Но, имаше еден играч покрај кого треперев. Тоа беше Анри”, изјави Меси.

„Знаев се за него, што правеше во Англија и одеднаш бевме во тимот заедно. Чувствував и се уште чувствувам некој вид восхит кон него. Првиот ден кога пристигна во соблекувалната не се осмелив да го погледнам во очи. Неговиот начин на игра, едноставноста. Тој имаше способност да ги прави тешките работи на лесен начин“, рече Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок за Јувентус: Бремер во „аут“ до крајот на сезоната?!

Eкипата на Јувентус одлично ја започна новата сезона. „Старата дама“ се уште нема примено …