Дома Фудбал Останато Меси со емотивна порака до Агуеро: Многу ме боли!

Меси со емотивна порака до Агуеро: Многу ме боли!

Најголемата аргентинска ѕвезда, Лионел Меси испрати емотивна порака до својот сонародник Кун Агуеро, кој денес официјално соопшти дека става крај на кариерата.

На Агуеро неодамна му беа дијагностицирани срцеви проблеми, па поради тоа мораше да стави крај на професионалната кариера.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Речиси ја поминав целата моја кариера заедно со Кун во репрезентацијата на Аргентина. Имавме многу убави моменти, сите тие не натераа да се обединиме повеќе и повеќе и заеднички да се дружиме. И ќе продолжиме да живееме заедно и надвор од теренот. Ја освоивме Копа Америка пред некој месец, а ти во Англија покажа зошто си еден од најдобрите. Вистина дека многу боли да видам дека запираш со фудбалот. Знам дека играњето фудбал те прави среќен, но, јас се надевам дека ќе останеш во овој спорт на некој друг начин“, напиша Меси на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ибра за роденден се почести со Ферари📷

Златан Ибрахимовиќ денеска го прославува својот 43-ти роденден и реши сам себе да си подар…