Дома Фудбал Останато Меси е првиот фудбалер во историјата со пет „Златни копачки“!

Меси е првиот фудбалер во историјата со пет „Златни копачки“!

Aргентинската ѕвезда од редовите на Барселона денес ја прими наградата за најдобар стрелец во минатата сезона.

Меси постигна најмногу голови во најсилните првенства минатата сезона и по петти пат стигна до оваа награда со што постави и нов рекорд.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Минатата сезона Меси стигна до бројката од 34 погодоци во Ла Лига, а во трката најблиску беа Мохамед Салах и Кари Кејн од Премиер лигата.

Фудбалерот на Ливерпул на своето конто имаше 32 погодоци, додека напаѓачот на Тотенхем сезоната ја заврши со 30 постигнати погодоци.

Претходно оваа награда Меси ја освојуваше во 2009/2010 (34), 2011/2012 (50), 2012/2013(46) и 2016/2017 (37).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Грилиш може да остане во Премиер лигата: Еден клуб е фаворит!

Ова лето Џек Грилиш се очекува да се раздели од Манчестер Сити, со можност сепак да остане…