Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Меси денес стави 31-ви роденден – доби чоколадна фигура (фото)

Меси денес стави 31-ви роденден – доби чоколадна фигура (фото)

Капитенот на Аргентина и еден од најдобрите фудбалери на светот, Лионел Меси денес го празнува 31-от роденден.

Меси овој роденден го дочека во многу тензична атмосфера, бидејќи неговата Аргентина има лоши резултати на Мундијалот и моментално е во тотален хаос.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Московските слаткари, откако дознаа дека роденденот на Лионел Меси е за време на Светското првенство, одлучија да му подарат чоколадна скулптура во природна големина.

Речиси една седмица пет слаткари работеа на скулптурата со тежина од 60 килограми.
„Случајно дознавме дека роденденот на Меси е на 24 јуни и одлучивме да направиме чоколадна склптура од него“, истакна слаткарката Дарија Малкина.

Таа наведе дека веќе стапиле во контакт со колегите на Меси од аргентинската репрезентација и се договориле околу предавањето на подарокот.

Скулптурата ќе биде изложена во Броници, град оддалечен 50 километри од Москва, каде е стациониран аргентинскиот тим за време на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

„Газета дело Спорт“: Јувентус го избрал наследникот на Алегри!

Tијаго Мота одлично ја води Болоња и тој е желба на повеќе клубови, но според последните н…