Дома Фудбал Италија Мертенс го бараат великани, а тој прави изненадувачки трансфер

Мертенс го бараат великани, а тој прави изненадувачки трансфер

mertens

Белгијанецот Дрис Мертенс се наоѓа на излезните врати во Наполи.

Во редовите на италијанскиот тим владее вистински хаос. После низата слаби резултати, играчите се побунија поради наредбата за карантин, па за многумина ќе следуваат санкции.

Добар дел од нив ќе бидат продадени веќе во јануари, а меѓу оние кои ќе заминат е Белгијанецот Дрис Мертенс.

За репрезентативецот на Белгија има голем интерес. Се споменува негово заминување во Милан, Интер па дури и Јувентус, но тој има други планови.

Многу веројатно е дека 32-годишниот играч ќе заврши во МЛС лигата. За неговите услуги интерес покажува Монтреал Импакт, кој пред неколку дена го превзема Тиери Анри.

Кандаскиот тим спремил понуда за искусниот фудбалер. Наскоро ќе биде официјална и ќе видиме дали на крајот ќе избере трансфер во МЛС.

Мертенс е во Наполи од 2013. година, а во 295 одиграни натпревари постигна 116 погодоци.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Лече тврдат дека мајсторијата на Пандев не требало да важи

Македонскиот капитен Горан Пандев вчера против Лече го постигна еден од најубавите голови …