Дома Фудбал Анри се плаши да проговори – дали судиите го штитат Сити во борбата за титулата?

Анри се плаши да проговори – дали судиите го штитат Сити во борбата за титулата?

Легендарниот Тјери Анри како аналитичар секогаш ја кажува својата мисла, но овој пат реши да – премолчи.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Манчестер Сити го победи Брентфорд со резултат од 3:0, но овој натпревар е во фокусот поради судиските одлуки. Анри смета дека Брентфорд требаше да добие најмалку еден пенал, но дипломатски зборуваше за тие ситуации.

„Ги гледав тие два инциденти за пеналите на екранот. Го видов туркањето на Бернардо Силва по што остана на теренот со жолт картон. И морам да ви кажам, ако проговорам, ќе бидам во голем, голем проблем. Многу сум сериозен. Бидејќи, ако објаснам што видов со своите очи и како заврши натпреварот за Брентфорд, од утре нема веќе да седам на оваа столица. Луѓето зборуваат за големи тимови и мали тимови, но играта мора да биде игра. Нема да го изговорам наглас што мислам. Нема да ја искористам таа реч. Но, сите видовме, вие видовте, јас видов. Ќе молчам, затоа што ако ги отворам устата и почнам да зборувам, ќе бидам во голем проблем“, рече Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола ги насмеа новинарите со еден потег и избега од прес-конференцијата (Видео)

Пеп Гвардиола порача дека Манчестер Сити до самиот крај ќе го брка Арсенал во трката за ти…